Општина Карпош, започна со редовната пролетна дератизација за уништување на штетни глодари на своја територија. Во реализација на оваа комунална акција, учествуваат и ЈЗУ Центар за јавно здравје-Скопје и ЈП Водовод и канализација. Со дератизацијата ќе се опфатат околу  5000 шахти, 300 места во десет основни улилишта и 200 места во четири детски градинки со своите клонови, кои се наоѓаат на нејзино подрачје.