Денеска, во девет урбани заедници на Општина Карпош, се спроведе акција за темелно чистење на локалната самоуправа. Освен комуналните служби на Општината, во оваа акција учествуваа и вработените  во општинската администрација.

 Акцијата се спроведува по иницијатива на Заедницата на единиците на локалната самоправа (ЗЕЛС) и истата се одвиваше и во останатите скопски општини. Денешната еколошка  акција за собирање на ѓубре, отпадоци, смет и хартии, се реализираше во урбаните заедници: „Владо Тасевски“, „Кузман Јосифовски – Питу“, „Пецо Божиновски – Кочо“, „Карпош 1,2,3 и 4“, како и во УЗ „Тафталиџе“ 1 и 2.  Освен чистењето и собирањето на ѓубрето и сметот, целта на оваа акција е и  да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на животната средина.