Порастот на дневните температури и подобрените временски прилики, им овозможија подобри услови за работа на зимските служби во Општина Карпош, кои денеска го расчистуваа снегот и мразот од коловозите и пешачките патеки.

 

Во населбата Козле, комуналните служби кои ги ангажираше локалната самоуправа, фрлаа сол на улиците Џумајска, Стогово, Стрезово, Милан Марковиќ, Леринска, Ловќенска Јуриј Гагарин и Миле Поп Јорданов, како и на улицата Девол, која се наоѓа во населбата Жданец.

Во Карпош 4 се фрлаше сол и се гребеше мразот на улиците Воденска, Невеска, Вич, Трифун Бузев и Желево. Со ист интензитет, зимските служби на фирмата „Анизор” работеа на улиците Влае, Корушка, Петар Чаулев и Кленоец, кои се наоѓаат во населеното место Влае. Оттаму, механизацијата се упати кон урбаната заедница „Владо Тасевски“, каде се фрлаше поголема количина на сол на улиците Борка Талески, Анкарска, Панче Пешев, Наум Евро, Бахар Моис и Римска.

Во наредните денови, локалната самоуправа, континуирано ќе работи на расчистување на останатите улици и коловози на својата територија. Општина Карпош повторно апелира до своите граѓани, да ги отстранат возилата од улиците, за да можат Зимските служби, непречено да работат на расчистување на снегот и мразот.