Општина Карпош продолжува со вонредна дезинфекција на сите колективни станбеници единици – згради, кои имаат повеќе од осум домаќинства.

Оваа активност започна во текот на вчерашниот ден, но интензивно продолжува денеска и до крајот на неделата, кога се очекува да бидат дезинфицирани сите згради во Карпош.

 

Како резултат на повеќе прашања и дилеми од граѓаните, сакаме да известиме дека станува збор за еднократна поддршка од Општината, како резултат на состојбата со Covid – 19 (коронавирус).

 

Оваа дезинфекција не треба да ги одложи тековните активности за одржување на хигиена и дезинфекција на зградите, кои се планирани од заедниците на сопственици/куќни совети.

 

Општина Карпош во изминатиот период презема повеќе активности за заштита на здравјето на граѓаните: се миеја локалните улици и урбаната опрема, извршена е дезинфекција на сите училишта и градинки, се спроведува е – настава за основците и дечињата, а активни се и мобилните тимови за поддршка на ранливите групи (набавка на храна, лекови, хигиена).

 

Ги повикуваме сите граѓани да се придржуваат до препораките и мерките за заштита од коронавирус.