Започнува постапката за пробивање на нова улица, „Партизанска“ 2, во Долно Нерези, општина Карпош, во близина на ресторанот „Каскада“.

Станува збор за нова сообраќајница во должина од 90 метри, која ќе има две сообраќајни ленти, како и странични тротоари за движење на пешаците. Исто така, во должина на улицата предвидено е поставување и на ново јавно осветлување.

 

Овој проект го финансира „ТАВ МАКЕДОНИЈА“, со средства во висина од 2.235.347,00 денари (со вклучен ДДВ).

 

Инаку, ова е втор договор кој локалната самоуправа го склучува со „ТАВ МАКЕДОНИЈА“, откако претходно градоначалникот Стефан Богоев го потпиша договорот за реконструкција на плочникот во Порта Влае.

 

Во врска со овој проект, во текот на летото започнуваат активностите за отстранување на старите плочки и поставување на нови гранитни плочи, како и нова хидроизолација. Во првата фаза, ќе биде обновена површина од плочникот од 6.000 м2.