Општина Карпош започнува со санација оштетените улици на својата територија,  на кои се детектирани т.н „ударни дупки“.

Во изминатиот период, комуналните служби на локалната самоуправа,  евидентираа повеќе точки на чии локации постојат видливи оштетувања на инфраструктирата кои веднаш ќе бидат асфалтирани. Оваа иницијатива, Општината ја презема  со цел да се овозможи безбедно движење на граѓаните, велосипедите и моторните возила.

Поради поголема успешност на оваа акција, ги повикуваме и граѓаните уредно (со наведување на точната локација и број на улицата), да пријават ударни дупки на територија на Карпош.

Граѓаните може да пријавуваат на e-mail адресатаkontakt@karpos.gov.mk , како и на социјалните мрежи на Општина Карпош, и тоа на:

Facebook: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos/

Twitter: @OpstinaKarpos

Instagram: @opstinakarpos

Во претстојниот период, ќе се реконструираат и повеќе улици на територија на Општина Карпош кои моментално се во руинирана состојба.