Претставници од Секторот за екологија и енергетска ефикасност и од Советот на Општина Карпош остварија студиско патување во Виена (Австрија), на 7 и 8 септември,  како работен дел од проектот „The Excite project: the European Energy Award in Central and Eastern Europe“. Цел на оваа студиска посета беше пренесување на најдобрите практики, знаења и искуства поврзани со #eea методологијата на енергетските тимови на пилот општините, каде во тек е имплементација на методологијата на Европското енергетско признание (ееа – #EuropeanEnergyAward).

Посетата во Виена беше посветена на Европското енергетско признание #eea каде беше презентирана програмата е5 и нејзиното спроведување во Австрија, а Виенскиот климатски тим (Wiener Klimateam) ги образложи активностите за вклучување на заедницата во Виена.

По тој повод беше организирана посета на општините Тулн и Баден, каде беше презентирана #eea методологијата, а притоа беа истакнатаи и клучните елементи на програмата е5 во општините. Посетата заврши со пренесување на најдобрите практики за вклучување на граѓаните во случајот со Виена и претставувањето на проектите на Wien Energie, за Генерирање на фондови за поставување на фотоволтаици.

Проектот @ExciteH2020 – Стандарди за одличност, инвестирај во доверба – сервиси за енергетски менаџмент прилагодени на локалните власти во Источна Европа, има за цел директно да ги подобри климатските акциски планови во 25 општини ширум Европа. Имено, тоа треба да го стори преку рационално искористување на енергијата и употреба на обновливи извори на енергија, поточно преку примена на методологијата на Европското енергетско признание (ееа – #EuropeanEnergyAward). Проектот е финансиран од Европската Комисија во рамки на програмата Хоризонт 2020, а истиот се  спроведува во Бугарија, Австрија, Романија. Франција, Словенија, Украина, Швајцарија и Северна Македонија. Во рамки на нашата држава, проектот го спроведува Хабитат Македонија во општините Карпош, Кочани и Кичево.

 

Линк од пост на Хабитат Македонија:

https://www.facebook.com/HFHMacedonia/posts/pfbid02zwBwGhzKqgzuPtyVhCFz1yturRCwQRwbKJuNumJhpraSXAWqyYxgP2M9rnUXvCS8l