На 19.05.2021 година, од 09:00 до 17:00 часот, во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“ ќе се одржи крводарителска акција, во организација на Општина Карпош и Институтот за  трансфузиона медицина и Црвен крст – Скопје.

Единици крв ќе донира општинската администрација на Карпош, вработени од детските градинки и основните училишта, а овој пат,  акцијата ќе има и јавен карактер.

Заради недостатокот на крв, за тековно лекување на пациенти, постои потреба од повеќе крвни единици. Затоа ги повикуваме сите заинтересирани граѓани кои можат и сакаат да ја покажат својата хуманост, да се пријават за дарување на kontakt@karpos.gov.mk (со име/презиме и телефон).

Сите заинтересирани граѓани ќе бидат контактирани, затоа што акцијата ќе се спроведува по соодветниот протокол за заштита на граѓаните од КОВИД – 19.

Ги известуваме граѓаните кои примиле вакцина за заштита од КОВИД – 19, исто така, можат да даруваат крв со почитување на следните правила:

  • Ако вакцините се базираат на mRNA технологија (Pfizer/BioNTech, Moderna, CureVac):

Се одложува дарувањето за 48 часа по вакцинирањето поради можна појава на локални симптоми на местото на аплицирање на вакцината (болка, црвенило, чешање, оток).

Одложување на дарувањето за 7 дена од прекин на симптомите во случај на несакани ефекти од вакцината (замор, главоболка, болки во мускулите, болки во зглобовите, треска, гадење, лимфаденопатија).

  • Ако вакцините се базираат на технологија на аденовирусен вектор (AstraZeneca/ Oxford, Johnson и Johnson/Јansen, Sputnik V): одложувањето на дарувањето е 4 недели по вакцинацијата.
  • Ако лицата не знаат со која вакцина биле вакцинирани :

дарувањето се одлага за 4 недели по вакцинацијата.