Во организација на Општина Карпош, општинскиот Црвениот Крст и Институт за трансфузиона медицина на Македонија, на 10.03.2022, во период од 09:00 до 17:00 ќе се одржи голема крводарителна акција во ООУ Лазо Трповски – спортската сала. На крводарителската акција ќе се почитуваат КОВИД протоколите, како и претходните акции кои општината ги организираше за време на Ковид пандемијата.

Општина Карпош е препознатлива по дарување на најголем број крвни единици од сите други општини во Македонија. Голем придонес за овој резултат имаат граѓаните на Општина Карпош и Градот Скопје, институциите и организациите кои се на територија на општината, општинската администрација, месните заедници, вработените во основните училишта и детските градинки кои несебично учествуваат во целата организација на крводарителскате акција, како и во масовното дарување на крв што живот значи.

Затоа Ве покануваме и овој пат, уште помасовно да ја покажете својата хуманост и во поголем број да се вклучиме кон оваа акција.