ПРИЗНАНИЈА ЗА ДОЛГОГОДИШНИТЕ КРВОДАРИТЕЛИ ОД КАРПОШ
- октомври 29, 2026
- 0
Во рамки на денешната крводарителска акција, која сè уште е во тек, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, додели благодарници на десет долгогодишни крводарители кои крв дарувале повеќе од 35 пати.
Со ова признание се оддава почит на нивната хуманост, посветеност и континуиран придонес во спасувањето човечки животи. Благодарници беа доделени и на дел од редовните крводарители – вработени во Општина Карпош, како и на граѓани кои со години наназад несебично ја покажуваат својата хуманост преку крводарување.
Градоначалникот Лукровски ги поздрави сите крводарители и ги охрабри оние кои сè уште се двоумат да се приклучат кон оваа хумана акција.
„Крводарувањето е многу повеќе од хуман гест. Тоа е чин на солидарност, грижа и одговорност кон заедницата. Со секоја дарувана единица крв се испраќа силна порака дека хуманоста нема граници и дека со многу малку можеме да направиме голема разлика за граѓаните на кои најмногу им е потребна“, рече Лукровски.
Општина Карпош упатува искрена благодарност до сите крводарители и хумани граѓани кои со својата несебичност, солидарност и човечност придонесуваат за спасување човечки животи.
































