Како резултат на неисправност на поголем дел од реквизитите на детското игралиште во урбаната заедница „Владо Тасевски” (Млечен), во близина на „Ли” кафе, ги известуваме сите граѓани од овој дел на Карпош привремено да не го посетуваат ова игралиште.Реквизитите на детското игралиште ќе бидат санирани од страна на Општина Карпош, со цел да се создадат безбедни услови за користење на овој парк од страна на најмладите.

Исто така, апелираме до сите граѓани, на правилно користење на реквизитите во детските игралишта на територија на Општина Карпош, како и урбаната опрема која е поставена во овие зони за рекреација (клупи за седење, корпи за отпадоци, ограда).

Ви благодариме на разбирањето.