Со капиталните инвестиции на Општина Карпош, населбата Злокуќани наскоро ќе ја докоплетира својата инфраструктура. По повод изведбата на водовод и водоводна шахта, како и изведба на фекална канализација  во населбата Злокуќани,  градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, даде изјава за медиумите.

–          Во овој дел од населбата Злокуќани, правиме 251 метар водоводна инсталација, и  истовремено  правиме 281 метар фекална канализација, што значи дека граѓаните од овој дел на Злокуќани,  ќе добијат подобро водоснабдување. Во исто време, нема да има повеќе септички јами и целиот овој дел, ќе биде поврзан на фекална канализација, односно  на фекалниот колектор . Целокупната инвестиција на овој проект ќе чини 4. 017. 262 денари, а овој инвестиционен зафат го изведува фирмата ,, Аполо Инженеринг’’ .

–          Со оваа последна реконструкција, практично целата месна заедница,  е покриена со фекална канализација,  и нема да има ниту една септичка јама, што претставува голем квалитет за подземните води и конкретен придонес за екологијата во Карпош. Планираме, градежните активности, целосно     да ги завршиме до 15 мај, им појасни на претставниците на медиумите, првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски.