По повод претстојната седница на Советот на Општина Карпош која треба да се одржи овој месец, градоначалникот Стевчо Јакимовски во својот кабинет одржа работна средба со раководителите од локалната самоуправа и дел од советниците од Карпош. Во таа насока, раководителите на секторите и одделенијата  изработија темелна power point презентација, преку која детално и транспарентно ги образложија годишните програми кои ќе се најдат на дневниот ред пред претставниците на Советот од Општина Карпош. Притоа, присустните развија дискусија за планираните проекти од областа на екологијата, енергетската ефикасност, комуналните работи, урбанизмот и дејностите од јавен интерес, кои се во согласност со долгорочниот стратешки развој на локалната самоуправа.