Општина Карпош се стреми кон поголема достапност и отвореност на општинската администрација. За таа цел, ги потсетуваме граѓаните на Карпош дека постојано може да комуницираат со претставниците на Општината кои работат во просториите во урбаните заедници. Станува збор за канцеларии на Општината кои се наоѓаат во непосредна близина на граѓаните, во нивните маала и населби. Граѓаните можат да пријават проблем, предложат идеја и да се информираат за активностите на локалната самоуправа во рамки на нивната урбана заедница.

 Сите забелешки и сугестии на дневно ниво пристигнуваат до раководството и секторите на Општина Карпош, со цел навремено да се постапи по истите и да се преземат активности за решавање на проблемите во сферата на хигиената и чистота во населбите, поставување на урбана опрема, одржување на зеленилото и слично.