На 12.05.2020 во организација на Македонската секција на Меѓународниот центар за одржлив развој на енергетски води и околински системи (SDEWES-Скопје) се одржа првата работна средба на локалната работна група преку ZOOM платформата со цел презенација на целите и активностите на проектот REPLACE. Проектот REPLACE има за цел да ги мотивира и поддржи луѓето во девет различни земји да ги заменат своите стари системи со еколошки алтернативи.

Истиот е насочен кон сите чинители вклучени во секторот греење и ладење: крајни потрошувачи, посредници – монтери, енергетски контролори како и инвеститори и сопственици на згради.

Во работната група со свои претставници вклучени се општините Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, како и претставници од организациите ЦеПроСАРД, Хабитат-Македонија и Здружение на лиценцирани енергетски контролори. Работната група има клучна улога во спроведување на кампањите во регионот и промоција на тековни и идна настани.

Проектот е финансиран од ЕУ во рамките на програмата за истражување и иновации „Хоризонт 2020“ со Договор бр. 847087. Земји-партнери на проектот REPLACE, покрај Македонија се Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Германија, Србија, Словенија и Шпанија.

За повеќе информации следете ја веб-страната на проектот REPLACE: https://replace-project.eu/