Карпошанецот  Методиј Бужаровски  од ППК „Рисови”, го освои првото место во машка конкуренција на Зимскиот отворен турнир во пинг – понг, кој се одржа минатиот викенд во спортската сала на ОУ „Јоаким Крчовски” во Крива Паланка. Во организација на Пинг-понгарската федерација на Република Македонија настапија 38 натпреварувачи на возраст до 15 години.

Домаќин на турнирот беше пинг-понгарскиот клуб „Крива Паланка”, во чии рамки учествуваа 12 девојчиња и 26 момчиња од клубови од Крива Паланка, Куманово, Скопје, Струмица, Штип, Виница и Крушево.