Талентираните основци по ликовна уметност од сите десет основцни училишта, кои се наоѓааат на територијата на Општина Карпош, денеска беа на еднодневна работилница по копаничарство во просториите на ООУ ,, Аврам Писевски“.

Ова основно училиште во населбата Бардовци е домаќин  на учениците кои својот ликовен талент ќе го надоградат и со практично учење на дрворезбарството или популарно наречено- копаничарство. Културниот Центар- Карпош, овозможи  стручно лице од областа на дрворезбањето ( копаничарството), да им ги пренесе ,, тајните“ на овој древен занает или според многумина – древна уметност. Директорката на Аврам Писевски , Марина Милеска изразни огромно задоволство , што токму ова училиште им овозможува на карпошовите основци да го развиваат својот уметнички талент.

 

–                    Имаме ученици од сите училипта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа, предложени од нивните наставници по ликовна уметност, како талентирани и надарени ученици токму во оваа сфера. Нашата цел е токму преку практицирањето на овој вид уметност, да го донаградиме веќе очигледниот талент кај децата, или да го поттикнеме интересот  токму за дрворезбање кај останатите ученици –таленти за ликовна култура. Се надеваме дека токму  овие ученици кои учат во училиштата во Карпош, во иднина ќе прераснат во вистински  копаничари – занаетчии, односно професионално ќе се занимаваат со оваа благородна древна уметност, нагласи Милеска.

 

Директорката на Аврам Писевски, додаде дека ова училипте е секогаш отворено за дополнителна настава по сите предмети, со цел учениците освен теоретското знаење кое го добивааат на редовните наставни часови, да имаат можност преку вакви работилници и проекти истото да го применат во практика, и да го зголемат своето како формално, така и неформално образование, кое понатаму ќе им биде од корист во животот.