Општина Карпош со свои претставници учествува на обука за „Родови индикатори и мерење на резултати“ во организација на UN Women Skopje. Оваа обука е во рамките на проектот „Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“. Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со поголемо теоретско разбирање и практични вештини за собирање и користење на родово-сензитивни податоци и за родови статистики, како и за соодветните потреби од податоците во контекст на планирање на локално ниво преку интерактивни практични вежби.

      Нашите учеснички презентираа вештина на собирање на родово-разделени податоци преку нашата мобилна апликација „м-заедница“ во која имаме над 1.290 корисници кои се добар репрезентативен  примерок на граѓани кои со своите прашања и проблеми ни нудат предлози кои можеме да ги имплементираме во секојдневните активности, како и во годишните програми за работа на секторите.Врз основа на тие податоци правиме дата на податоци  кои се родово разделени.

Општина Карпош од година во година се обидува не само да го одржи, туку и да го унапреди работењето на подигнување на свеста за родова еднаквост меѓу мажите и жените, родово одговорно буџетирање, поголема социјална инклузија (вклученост) на жените во општествената сфера, посебно на ранливите и маргинилизирани групи.

Во секој случај Општина Карпош во секое време е отворена за поддршка на проекти кои ќе ја подигнат  родовата сензитивност во секој поглед: инфраструктурен, урбанистички, еколошки, воспитно образовен, па се до кондиционирање за настап на пазарот на трудот, односно барање и креирање на нови работни места.