По повод традиционалната крводарителска акција во рамките на Денови  на Општина Карпош во соработка со  Црвен Крст на Република Македонија,  утре (27.10.2016 година) градоначалникот на Општината,  Стевчо Јакимовски   ќе се вклучи во акцијата дарувајќи крв.

Со почеток од 11.00 часот  на пунктот во ТC Skopje City Mall, првиот човек на локалната самоуправа ќе дарува крв, поттикнувајќи ги на тој начин и останатите административци и граѓани да се вклучат во оваа хумана акција. Оваа година, ќе бидат поставени три пункта на кои ќе може да се дарува крв и тоа: на надвозникот „Влајко“, пунктот поставен во Skopje City Mall и  салата во ООУ „Лазо Трповски“. Заинтересираните граѓани ќе може да даруваат крв од  9.00 до  17.00 часот.