По повод Денот на народното востание – 11 Октомври, делегација од Општина Карпош, предводена од градоначалникот Сотир Лукровски, положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето на народниот херој Кузман Јосифовски – Питу.

На настанот присуствуваа претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, советници и бројни граѓани кои дојдоа да оддадат чест и да се поклонат пред споменот на народниот херој и борците за слобода.

Со овој чин беше оддадена почит кон неговото дело и кон сите борци кои ги положија своите животи за слободата на македонскиот народ и создавањето на современата македонска држава.

Вечна слава!