Направена е целосна реконструкција на детското игралиште во Козле, меѓу кулите на улица „Јуриј Гагарин“ (бр. 52 – 56).

 

Поставени се нови реквизити за рекреација на најмладите, како и заштитна ограда, со што се доби уредена зона која младите ќе ја користат и во текот на летниот распуст.

 

Игралиштето е обновено по иницијатива на д-р Ѓорѓи Паскалов (педијатар), кој во овој реон има здравствена ординација, која ја посетуваат голем број на дечиња со своите родители.

 

Во неформален разговор со градоначалникот Стефан Богоев, докторот посочи дека реконструираното игралиште навистина ќе биде од корист на сите деца. Паскалов се заблагодари што општината одговори на барањето на повеќе граѓани кои живеат во овој дел на Карпош.

 

Богоев ја поздрави иницијативноста на жителите, и на д-р Паскалов. Ова претставува позитивен пример за успешно партнерство меѓу карпошани и локалната самоуправа.

 

Примарната цел на општината е да развива вакви маалски зони за рекреација на граѓаните. Затоа, изминатиов период се фокусиравме на изведба на нови или реконструкција на постоечките детски игралишта во населбите, а се работи и на нови тревници и системи за наводнување.