Деновиве стартуваше пазарот за зелка во Бардовци и Злокуќани.

Општината Карпош неколку години во континиутет им овозможува директна помош на производителите на зелка  и други сезонски производи од овие месни заедници,  со тоа што, без никаков надоместок, им организира изнаоѓање на соодветен простор и опрема на која ги изложуваат и продаваат своите сезонски производи.

 Покрај оваа директна помош, Општина Карпош заедно со производителите им помага и на граѓаните од Карпош во снабдувањето со производите кои се бренд на нашето подрачје.