Делегација на Општина Карпош, во знак на одбележување на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот, положи цвеќе на споменикот на борците од 12. Македонска ударна бригада во непосредна близина на браната „Матка“.

Настанот, кој беше организиран од страна на Руската амбасада во Македонија, беше пригода да се евоцираат спомени од првоборците, учесници во Втората светска војна за паднатите соборци кои успеаја да го спречат уривањето на браната од страна на фашистичките окупатори, а со тоа да придонесат за ослободување на Градот Скопје.