Делегација на Општина Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски денес оддаде почит на настраданите од скопскиот земјотрес.

                        Традиционално, на овој ден, локалната власт го одбележува датумот на кој во природната катастрофа во 1963 година, односно пред 54 години, загинаа 1.070 жители на Скопје, а меѓу најпогодените населби беше токму Карпош.

                        По тој повод, денес, на Градските гробишта во Бутел пред споменикот на настраданите од скопскиот земјотрес првиот човек на локалната самоуправа се поклони и положи цвеќе, заедно со другите делегации од Градот и државата, во знак на сеќавање и должна почит кон настраданите сограѓани.