Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, којa воедно е пилот општина   во државата во која се спроведува проектот „INHERIT 2020 HORIZON“ – Прашалник за здрава населба, во соработка со Институтот за јавно здравје на Република Македонија денеска го прими господин Џон Холви од Шкотска, светски експерт и еден од основачите на „Мрежата на паметни градови“.

На средбата, пред градоначалникот Богоев и тимот од нашата локална самоуправа која учествува во овој проект, гостинот од Шкотска ги пренесе неговите искуства со имплементација на проектот во 32 општини во Шкотска, преку семинари и презентации и неговото приближување до што поголем број на граѓаните.

 Градоначалникот Богоев пак, говореше за нашите искуства со имплементација на прашалникот за здрава населба. Во фокусот на тоа е зголемување на партиципативноста на граѓаните во креирање на програмите и буџетот на Општината за следната 2019 година., за што е поставен и посебен банер на интернет страницата на локалната самоуправа „Вклучи се Буџет Карпош 2019“, и дека од идеите на граѓаните се црпат и приоритетните проекти кои Општината ќе ги спроведува во наредниот период.