Пред  основното училиште „Братство“,  во населбата Тафталиџе 2, денеска се постави нов  „лежечки  полицаец“, сé  со цел да се зголеми  безбедноста во сообраќајот. Наскоро следува поставување на вакви забавувачи  на брзината при возење и пред ООУ „ Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае 2,  пред  ООУ „ Војдан Чернодрински“ во урбаната заедница „ Владо Тасевски“, како  и пред  ООУ   „ Христијан Тодоровски- Карпош “ во Карпош 1.

 

Дополнително за  поголема безбедност на децата во сообраќајот,  од  оваа учебна година, задолжени лица ( од ненаставниот кадар) од основните училишта   го регулираат сообраќајот пред сите десет основни училишта кои се наоѓаат на  територијата на Општина Карпош.