Колективниот постапувач со електрична и електронска опрема и батерии и акумулатори ЕЛКОЛЕКТ , во соработка со Општина Карпош, постави нов Е-контејнер во населбата Козле, во непосредна близина на ресторанот „ Македонска Куќа“.

Овој Е-контејнер е предвиден за правилно одложување на електричен и електронски отпад чија најголема димензија не надминува повеќе од  50 cm. Покрај ова, Е-контејнерот е наменет  и за отпадни батерии кои наоѓаат примена во сите домашни апарати од типот АА, ААА, 9V, и сл.

Сакаме да ги потсетиме граѓаните дека за големи домашни апарати кај кои барем една од димензиите надминува 50 cm на располагање како и досега стојат двата еко магацини лоцирани во ВЛАЕ 2   до игралиштата кај мостот „Обединети нации“, и еко магацинот во собирниот центар на КХС во Карпош 3,  позади бензинската станица на Макпетрол  кај С.Ц.„ Борис Трајковски“.

Со поставување на овој контејнер (кој е прв од ваков вид во нашата држава) се воспоставува уште едно собирно место за електричен и електронски отпад како и за отпадни батерии на територијата на Општина Карпош. Се надеваме дека со  истиот ќе им овозможуваме на жителите од Општина Карпош поедноставно, полесно и на правилен начин да се ослободат од својот електричен и електронски отпад и отпадни батерии со што заеднички ќе придонесеме кон реализирање на заедничката цел – зачувување на животната средина.