На четири локаци во општина Карпош, од изутринава се поставени големи контејнери за одложување на кабаст отпад. Граѓаните ќе можат да се „ослободат“ од непотребниот мебел, домашни предмети, електронски и електричен отпад, во деновите од 18 до 22 мај, на следниве локации:

  • Влае 2, позади Порта Влае, кај автобуската постојка;
  • Тафталиџе 2, на улицата „Женевска“ (после автобускатапостојка на последна „24 – ка“);
  • Козле, во близина на новиот споменик на Кузман Јосифоски – Питу;
  • Долно Нерези, на улица „Ванчо Мицков“ .

Ги повикуваме сите граѓани да го одложат својот отпад на посочените локации. Контејнерите, во сабота, на 22 мај ќе бидат подигнати од комуналните служби на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје.