Со последното 18 коло кое ќе се одигра во среда (10.05.2023) завршува фудбалската училишна лига. На врвот од табелата оваа сезона недостижни се фудбалерите од „Владо Тасевски“, додека неизвесноста е пред се во битката за „среброто“, за кого се борат дури пет екипи од карпошовите основни училишта. Натпреварите ќе се одиграат на фудбалското игралиште во „Влае“ со почеток во 12 часот.