ПОП-РОК ЗАБАВА ЗА КАРПОШАНИ НА МЛЕЧЕН
- август 26, 2026
- 0
На шестата вечер од културното лето, на платото „Млечен“, карпошани се забавуваа со поп-рок бендот „Balkan Jam Band“. Во опуштена и релаксирана атмосфера, градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, помеѓу своите сограѓани, го проследи настапот на оваа искусна македонска музичка формација. Со домашни хитови од познати македонски пејачи и групи, како „Што и да е ќе помине“, „Пушти коси“, „Чија си“, „223-305“ и многу други, македонскиот музички бенд приреди одлична вечер за сите љубители на овој музички жанр.
Оваа вечер во дворот на ООУ„ Петар Поп Арсов“, се прикажа филмот „TEDUA ЖИМИ МЕНЕ“, каде што присутните, заедно со своите маалски соседи, роднини и пријатели, уживаа во проекцијата на „киното на отворено“ кое ќе трае се до четврток на истата локација, со почеток од 20:00 часот. За сите возрасни генерации на карпошани, овогодинешната културна манифестација нуди широк репортоар на музичка програма, културно-уметнички настани, кино на отворено, како и настани за нашите најмлади жители, од претшколска возраст.









