Општина Карпош и градоначалникот Стевчо Јакимовски изразуваат згрозеност од јавните закани на висок функционер на МВР и помошник на министерот за внатрешни работи,воедно и советник во Општина Карпош ,Магдалена Несторовска која од говорницата на седницата на Општина Карпош упати отворени закани за апсење на високи функционери на Општина Карпош и на членови од Советот.

Ова уште еднаш го потврдува нивото на дискусија и тензиите што во континуитет ги практикуваат советниците од опозициската СДСМ,со цел да ја опструираат работата на Советот и општината и да шират деструкција во работењето на локалната власт на штета на сите граѓани на Општина Карпош.