Денеска, во  училишната сала на ООУ „ Христијан Тодоровски- Карпош“ одбојкарките од ООУ „Владо Тасевски“ во полуфиналето на општинските училишни игри со убедливи 2:0 во сетови ги победија  своите врснички од ООУ „Војдан Чернодрински“. Првиот  сет заврши со резултат од 26:14, а вториот со 25:10 во корист за одбојкарките од  „Владо Тасевски“.

На  12 мај (петок)  во 10 часот ќе се одигра натпреварот за трето место помеѓу основките на ООУ „Димо Хаџи Димов“  и ООУ „Војдан Чернодрински“ додека во големото финале силите ќе ги одмерат одбојкарките на ООУ„Петар Поп Арсов“ и победниците од денешниот дуел, екипата на ООУ „Владо Тасевски.“