Денеска, 20.02.2020 година ( четврток) , со почеток од 14:00 часот во просториите на урбаната заедница „ Кузман Јосифовски- Питу“ ( ул. Стрезово 7, веднаш до средното училиште „ Лазар Танев“), ќе се одржи триесет и шестата седница на Советот на Општина Карпош. На истата, членовите на Советот ќе дискутираат по следниве предлог- точки:

ДНЕВЕН РЕД

  • Усвојување на Записник од 34 седница на Советот на Општина Карпош
  • Усвојување на Записник од 35 седница на Советот на Општина Карпош

 

  1. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишен Извештај за работа на ПС од ОН-„Карпош“ за 2019 година
  2. Предлог-Одлука за отпис на основни средства по извршениот попис за 2019 година
  3. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за одобрување на Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски до 30.09.2018 година
  4. Предлог- Одлука за одобрување финансиски средства на „ Здружение за едукативно креативна детска работилница- ИГРАЈ И УЧИ“, за изготвување и реализација на проектот од областа на образованието „Подигање на свеста за животната средина преку уметност, театар и раскажување приказни- Еко театар “
  5. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства на „ Здружение на граѓани за заштита на детски права ПОВРЗАНИ“, за изготвување и реализација на проектот од областа на образованието „Второ семејство“
  6. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства на „ Здружение за истражување на пазарот на трудот во функција на мултиетничката толеранција ПРОФИЦИО“, за изготвување и реализација на проектот од областа на образованието „Основи на веб програмирање и изработка на веб сајт од учениците-учесници во проектот“
  7. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства на „ Центар за поддршка и креативен развој“, за изготвување и реализација на проектот од областа на образованието „Новинарски клуб во училиштата на Општина Карпош “
  8. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства на „Хуманитарното здружение ДФЦЦА“, за изготвување и реализација на проектот од областа на локалниот економски развој, во Општина Карпош
  9. Предлог-Одлука одобрување финансиски средства на „Центар за поддршка и креативен развој Скопје“, за изготвување и реализација на проектот од областа на локалниот економски развој, во Општина Карпош
  10. Предлог-Одлука за одобрување финансиска поддршка на Здружението на граѓани- Едукативниот центар ИДЕА за проект „И ЖЕНИТЕ МОЖАТ“