Во четврток (27 април) со почеток во 10 часот ќе се оддржи дваесет и шестата седница на Советот на Општина Карпош.

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и манаџмент Скопје.

За седницата се предлага следниот                                                                             

ДНЕВЕН РЕД

  • Усвојување на Записник од 25та седница на Советот на Општина Карпош

 

  1. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2023 година
  2. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на развојот за 2023 година
  3. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање за 2023 година
  4. Предлог-Иницијатива за изменување и дополнување на Статутот на Општина Карпош (за усвојување статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Општина Карпош)
  5. Предлог-Одлука за утврдување на вклопување на бесправен објект изграден на КПбр.646/57 КО Долно Водно во урбанистичко-планска документација заради усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето
  6. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2023 година до 31.03.2023 година
  7. Предлог-Одлука за прифаќање движни ствари – таблет компјутери на трајно користење без надомест од Влада на Република Северна Македонија – Министерство за образование и наука за потребите на ООУ „Аврам Писевски“, Општина Карпош Скопје
  8. Предлог-Одлука за прифаќање движни ствари – таблет компјутери на трајно користење без надомест од Влада на Република Северна Македонија – Министерство за образование и наука за потребите на ООУ „Братство“, Општина Карпош Скопје
  9. Предлог-Одлука за прифаќање движни ствари – таблет компјутери на трајно користење без надомест од Влада на Република Северна Македонија – Министерство за образование и наука за потребите на ООУ „Лазо Трповски“, Општина Карпош Скопје