Се свикува 19. седница на Советот на Општина Карпош за 22 октомври 2026 година (четврток), со почеток во 10.00 часот.

За седницата се предлага следниот:

ДНЕВЕН РЕД

 

–           Усвојување записник од 18. седница

  1. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2026 година до 30.09.2026 година
  2. Предлог-Одлука за давање согласност за објавување Јавен оглас за пријавување на заинтересирани лица за членување во Партиципативното тело на Општина Карпош во областа на урбанизмот
  3. Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за давање согласност за изготвување на Физибилити студија за утврдување на извори на техничка вода на подрачјето на Општина Карпош
  4. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на животната средина и природата (екологија и енергетска ефикасност)
  5. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување на претседател и членови на Комисијата за култура;
  6. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување на претседател и членови на Комисијата за негување и чување на традициите на македонскиот народ и македонската држава и заштита на историските споменици и спомен обележја;
  7. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување-верификација на членови од редот на Советот на Општина Карпош за формирање Комисија за доделување на еднократна парична помош (лекување и социјален ризик) за 2026 година
  8. Предлог-Одлука за прогласување на заслужни граѓани на Општина Карпош за 2026 година
  9. Предлог-Одлука за доделување признание за долгогодишна соработка и партнерство, во интерес на граѓаните на Општина Карпош на Полициска станица од општа надлежност Карпош
  10. Предлог-Одлука за доделување признание за долгогодишна соработка и партнерство, во интерес на граѓаните на Општина Карпош на Бригада за противпожарна заштита – пункт Тафталиџе
  11. Предлог-Одлука за доделување признание за долгогодишна соработка и партнерство, во интерес на граѓаните на Општина Карпош на ЈЗУ „Здравствен дом“ Скопје – итна медицинска помош
  12. Предлог-Одлука за наградување на истакнат полициски службеник од Полициска станица од општа надлежност Карпош
  13. Предлог-Одлука за наградување на истакнат пожарникар од Бригада за противпожарна заштита – пункт Тафталиџе
  14. Предлог-Одлука за наградување на истакнат здравствен работник од ЈЗУ„Здравствен дом“ Скопје – итна медицинска помош
  15. Предлог-Одлука за наградување на истакнат вработен во Општина Карпош

 

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Општина Карпош (сала за совет).

 

          Телефон за контакт: 070/410-631