Марија Антониева од 9-б одд., под водство на менторот м-р Матилда Бајкова, се закити со престижната награда ГРАНД ПРИ за поезија на литературниот конкурс кој го организираше библиотеката „Браќа Миладиновци“.

     Вчера,  ( 4.12.2017 година) во просториите на библиотеката „Браќа Миладиновци“- објект  „Другарче“ на свечен начин беше одбележан  Денот на „Свети Климент Охридски“, на кој настан  беа доделени   и овогодинешните награди на литературниот конкурс  во кој учествуваа млади поети од  целиот град,односно од сите училишта во градот, што ја прави наградата уште повредна добиена во исклучително силната конкуренција.

   Целиот настан беше воден од ученици од драмската секција од ООУ „Вера Циривири – Трена“ .