Општина Карпош пристапи кон реализација на даденото ветување за подобрување на амбиентот на старскиот дом „Мајка Тереза“ во Злокуќани. Во рамки на тоа почна поставувањето на оградата – гелендер по скалите и на тремот.

Освен тоа се работи на поставување на настрешница за излез во дворното место на домот за стари лица како и на оспособување на подот за пристапување до берберскиот салон. Изведувач на работите е фирмата „Мастеф“ од Скопје.