Учениците кои учат во основните училишта на територијата на Општина Карпош, наредната учебна година ќе ја започнат во целосно подновени училници. Исто така ќе се изврши и реконструкција на оштетената инфраструктура во самите училишта. Ова денес во изјава за медиумите го најави градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. 

Јакимовски истакна дека локалната самоуправа во 2011 и 2012 година со инвестиција од 5 милиони евра, средства обезбедени од буџетот на Општината изврши целосна реконструкција на сите 10 основни училишта кои се под нејзина надлежност.

 

–                    Правиме реконструкција на десетте основни училишта. Вкупната сума која ќе ја издвоиме за реализација на оваа активност околу 8.100.000 денари.  Фирмата која работи на три основни училишта е „Конструктор Ком“ додека на останатите седум е фирмата „Раритет“Реконструкцијата е предвидена да заврши целосно до 25 август, што значи дека  основците   од  Општина Карпош ќе влезат да учат во целосно нови  бојадисани и обновени училници и училишта на почетокот на новата учебна година.  Со тоа практично сакаме да создадеме најдобри услови за учење на нашите најмлади жители на Општината, и вакви реконструирачки зафати ќе практикуваме  да ги вршиме секои две до три години во сите училишта на територијата на Општина Карпош, прецизираше првиот човек на локалната самоуправа, Стевчо Јакимовски.