Општина Карпош опстојува на определбата за финасиска поддршка на спортот, пред сé, на категоријата млади, и тоа во повеќе спортови.

Токму во таа насока, деновиве фудбалскиот клуб  „Локомотива“  врши упис на нови членови во фудбалската академија, на возраст од 5 до 15 години.

Поддршката на локалната самоуправа се состои во подобрување на условите за работа на клубот, санација на фудбалскиот терен и на соблекувалните за спортистите.

Ваквата поддршка на клубовите од страна на Општината ќе продолжи и натаму, со цел, да се привлечат што повеќе млади таленти активно да спортуваат.