Во ек е реконструкција на две училници во основното училиште „Владо Тасевски“ во Козле. Притоа се менува стариот и оштетен под во просториите кои повеќе години беа во лоша состојба.

Минатата година, за да им се овозможат подобри услови за спорт и рекреација на младите, беше обновена и спортската сала во состав на ова училиште.

Во овој период од сезоната, кога летниот распуст е во полн ек, локалната самоуправа работи на реконструкции и санации во сите десет основни училишта.

И покрај тоа што е неизвесен начинот на кој ќе започне новата учебна година, Општина Карпош вложува во севкупно подобрување на условите за престој и едукација на основците.

Изминатиот период, во повеќе наврати, се дезинфицираа основните училишта со цел да се обезбеди заштита на вработените кои спроведуваат ротациони дежурства.