Во организација на Младинскиот центар Карпош, се одржа работилница посветена на подготовка на CV и мотивационо писмо – важен чекор во кариерниот и професионалниот развој на младите.

Преку интерактивна дискусија и практични примери, учесниците имаа можност да научат како своето образование, досегашните искуства, вештини и лични потенцијали да ги претстават на јасен, прегледен и уверлив начин. Посебно внимание беше посветено на изборот на релевантни информации и на тоа како да се состави мотивационо писмо што автентично ќе ги претстави нивните амбиции и цели.
Работилницата им понуди на младите корисни практични алатки и поголема самодоверба при подготовката за идни апликации и професионални можности.
Општина Карпош преку Младинскиот центар Карпош, продолжува да создава простор за учење, размена на искуства и стекнување вештини што им помагаат на младите да ги направат своите следни чекори кон успешна професионална иднина.