Општина Карпош ангажираше фирма за обезбедување која ќе се грижи за четири плоштади нанејзината територија и тоа:  плоштадот ,, Делифина ‘’ во населбата Влае,  Плато фонтаната  во Карпош 3, Платото на Млечен ресторан и Платото на Педагошка.

Во иднина се предвидува, обезбедувањето да се прошири и на останатите плоштади  на територијата на локалната самоуправа, со што тие рекреативно- забавни катчиња ќе бидат заштитени од изолирани инциденти на некои несовесни граѓани кои ги оштетуваат реквизитите и хортикултурните аранжмани.

Овој ангажман  на локалната самоуправа ќе претставува заштеда на средствата од општинскиот буџет кои досега беа издвојувани за поправка и реконструкција на направените штети на плоштадите и цветните аранжмани во Општината.  Локалната самоуправа воведе 16 часа обезбедување на плоштадите. Тимот на обезбедувањето  ќе работи во две смени, со по двајца обезбедувачи.