Дали би ви користел собирен центар за отпад во кој ќе можете да подарувате предмети кои не ви се потребни? Дали би сакале хоби катче за реставрирање и реупотреба на стари предмети? Дали би компостирале со црви за производство на хумус и за садење растенија на места кои сега се микро депонии? Да се организираме како жители на оваа урбана заедница и да станеме пример за останатите во градот како може да се искористи и намали отпадот во местото во кое живееме.

Машинскиот факултет – Скопје и Општината Карпош Ве покануваат на средбата „Ајде да го искористиме отпадот на креативен начин“ што ќе се одржи денеска четврток (6 јуни) од 18 до 19:30 часот во холот на ОУ „Лазо Трповски“.  

На средбата сакаме да ги чуеме вашите мислења во врска со сегашната состојба со отпадот во урбаната заедница Карпош 3, како и вашите идеи и предлози како подобро да го селектираме, складираме и одлагаме отпадот од домовите и од работните места. Студенти и професори од Машинскиот факултет ќе ни помогнат во процесот да ги препознаеме и обликуваме идеите и ќе ни посочат успешни примери од светските метрополи. Идеите кои ќе ги избереме заедно со претставници од општината потоа ќе бидат реализирани. 

Средбата е отворена за сите жители на урбаната заедница Карпош 3, но заради подобра организација Ве молиме доколку можете Вашето присуство да го најавите на sofija.sidorenko@mf.edu.mk или на 070 286 797. 

Средбата се организира во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, што ја реализира Институтот за комуникациски студии.

 

Лица за контакт:

Софија Сидоренко, Машински факултет –  sofija.sidorenko@mf.edu.mk, 070 286 797

Марина Филипоска, Општина Карпош – marina.filiposka@karpos.gov.mk; 072 766 066