Зголемено е зеленилото околу детскиот парк во Криви Дол. Поставени се украсни растенија од типот на Ilex aguoifolium и Buxsus.

На овој дел, неодамна се засадија и нови дрвја, со што се комплетираше целата слика за овој маалски детски парк.

Криви Дол претставуваше место кое со години делуваше отсечено од Карпош, но локалната самоуправа започна постепено да го развива.

Покрај новиот детски парк, наскоро ќе започне и реконструкцијата на ул. „Новопроектирана“ 4А.

Минатата недела се раззелени и делот околу инклузивното игралиште во Влае 2, а ново зеленило ќе биде засадено и во ТЦ „Лептокарија“.

Ги повикуваме сите граѓани да водат грижа за заштита на животната средина и да ја чуваат урбаната опрема.