Едукативниот центар на Македонското „ Монтесори Здружение“ во соработка со Општина Карпош, веќе  пет  години се грижи за подобрување на квалитетот  на животот и на воспитувањето и образованието на децата, (пред се од ромската популација, но и од руралните средини).

 Во рамките на овој проект, децата од предучилишна возраст од населените места  Бардовци и Злокуќани    активно се вклучени  во  воспитно – образовната програма, во рамки на  која, тие се подготвуваат за започнување на формалното  образование.  Здружението  „ Монтесори“, своите работни содржини  ги реализира  по моделот на  учебна година. Во изминатиот период, родителите и децата покажаа голема заинтересираност за вклучување во оваа предучилишна воспитно-образовна настава.  Токму затоа, Советот на Општина Карпош оценувајќи го како корисен  и успешен,  и оваа година даде „виза“ за продоложување на овој проект на подрачјето на локалната самоуправа.

Со цел да се  зајакнат  оперативните капацитети за одржување на чистотата и  хигиената на територијата на локалната самоуправа,  Советот ја донесе и Одлуката за набавка на основно средство. комунално – товарно моторно возило за собирање, транспорт и изнесување на смет.

 На шестата седница , советниците  ја одобрија и Одлуката за прифаќање на донација од  Друштвото за градежништво, трговија на големо и мало, увоз-извоз „ МАСТЕФ ДООЕЛ“ Скопје. Донацијата ќе се реализира во финансиски средства.