Планинарката Наташа Костовска, од планинарскиот клуб ВАК Анапурна, на 22. јуни годинава, го искачи врвот Монблан (4.808 метри), највисокиот врв во Западна Европа кој се наоѓа во срцето на Алпите меѓу регионите на долината Аоста и Високи Савои во Италија. По успешно искачениот највисок италијански врв Гран Парадизо, на 20. јуни, карпошанката Костовска, во вечерните часови продолжи со искачување на Монблан – планински врв кој претставува предизвик за сите љубители на планините и алпинизмот.

 Костовска раскажува дека временските услови при искачувањето на Монблан и на Гран Парадизо биле совршени, и покрај тоа што имало континуиран ветар со брзина од 40 km/h.

 Општина Карпош го поддржа подвигот на планинарката Наташа Костовска и во оваа прилика упатува искрени честитки до неа, посакувајќи и уште многу освоени врвови, добро здравје и подготвеност.