Во  библиотеката „ Браќа Миладиновци“, дечињата од второ одделение од ООУ „ Братство“  читаа „ Писмо од фантазија“. На овој предновогодишен настан покрај другите присутни, поканети беа и  премиерот на Република Македонија Зоран Заев и претседателот на Советот на Општина Карпош Андреј Манолев.  Целта  на оваа манифестација е да се поттикне читање и пишување  на книги кај  основците кои се во развојна фаза.

Преку овој настан се промовира и мултикултурализмот и меѓуетничката толеранција и почит, бидејќи токму училиштето „ Братство“ е пример за мултиетничка кохезија.

На овој настан  беа поделени и новогодишни пакетчиња за учениците, во кои задолжително имаше и книги.