Во неделата  ( 23.04.2017), во библиотеката „Другарче“ во Лептокарија, за прв пат се одржа детскиот музички фестивал „Журка“. Основките од ООУ „Лазо Трповски“ од Карпош, Екатерина Лукарова и Белисима Лукарова учествуваа на овој детски музички фестивал со свој музичко-сценски настап.

Оваа детска манифестација беше организирана од музичкиот педагог Кристијан Лукаров.

На фестивалот настапатуваа деца од пет до петнаесет годишна возраст, изведувајќи песнички, содржински адекватни на нивната возраст. Освен песничките, беа претставени и две игри ( една класична балетска точка и една модерна), со кои се збогати перформансот на музичката манифестација. Целта на музичката приредба е талентираните деца, практично да се запознаат со музиката, сцената , како и студиото, односно, сé што е поврзано со компонирањето и изведувањето на една музичка нумера. Овој фестивал е одлична можност музичко- талентираните ученици  да ги направат своите пионерски чекори во светот на музиката.