На пешачката зона, пред приватната градинка Пиколини”  во Карпош 4, денеска се цртаа повеќе симболи и цртежи кои имаат за цел да предизвикаат поголемо внимание кај минувачите и возилата, тротоарите да останат слободни за движење на пешаците и да бидат безбедни за децата.

Во обележувањето на тротоарите се вклучија и најмладите кои добија шанса да ја покажат својата креативност и ликовните вештини.

Нивниот став е дека на сивилото и монотонијата треба да се одговори со шаренило и интерактивни содржини.

Општината ќе продолжи да ги поддржува проектите на воспитно – образовните установи на територија на Карпош кои се во насока да ја унапредат детската заштита, но,  и да покажат грижа и одговорност за локалната заедница.