Во големото финале  во фудбал на песок, основците од ООУ „Петар Поп Арсов“ ги победија своите ривали од ООУ „Владо Тасевски“ со резултат од 2:1 и станаа  шампиони во фудбалскиот турнир на песок.

 Третото место го освоија фудбалерите од „Аврам Писевски“, кои ги победија  учениците од „Лазо Трповски“ со 1:0, и ја освоија бронзата. Овој фудбалски турнир се одигруваше два дена на песочниот терен на  градската плажа на кејот на реката Вардар.

 Во полуфиналето фудбалерите од „Владо Тасевски“ ги совладаа основците од „Лазо Трповски“, додека, учениците од „Петар Поп Арсов“ во полуфиналето ги совладаа основците од „Аврам Писевски“.